| четврток, 6 декември 2018 |

ДСР со јавна поддршка за Иванов на престојните претседателски избори

romite500

Партијата Демократски сили на Ромите донесе едногласна одлука да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, за претседател на Република Македонија, објави денеска на прес конференција, претседателот на партијата, Шабан Салиу.

-Како партија и на овие претседателски избори остануваме лојални и верни на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ со која остваруваме повеќе резултати во полето на правата на ромската заедница – истакна Салиу.

Тој додаде дека ДСР е првата политичка ромска партија, која уште во 2003 година коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ и до денес заеднички настапуваат на сите досегашни избори.

-Поддршката на нашата политичка партија ДСР за кандидатот за претседател на Република Македонија Иванов не е случајна, напротив се заснова на повеќе остварени средби во изминатиот мандат и искажуваме голема благдарност затоа што секоја година за 8 април организираше прием за ромската заедница по повод Меѓународниот ден на ромите, и секако неговата несебична ангажираност, работа и посветеност во поглед на решавањето на пробелмите на ромската заедница. Од тие причини ние како партија даваме силна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата – посочи Салиу.

Тој додаде дека pартијата Демократски сили на Ромите брои околу 35.000 членови и апелираше сите да го дадат својот глас за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top