Компании од автомобилската индустрија, електро и машинската иднустрија за производство на специјални возила од Италија, кои се светски и регионални лидери во својата област се заинтерсирани за инвестиции во Македонија.
– Владин тим составен од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо и економскиот поромотор во Италија, Иван Илиев кој пред италијанските бизнисмени оваа недела ги презентираa можностите за инвестирање во Македонија, со неколку компании веќе се во напредни преговори за нивно потенцијално инвестирење во земјава – соопштија од Кабинетот на министерот Наумоф.
Во првиот дел на посетата владиниот тим одржа средби со компании во Емилија Ромаџина, Болоња, Анкона и Пескара. Истовремено беа договорени дополнителни средби во текот на пролетта со цел на финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистиката и царинските процедури.
Во следните три дена ќе бидат посетени и компании во Милано, Тренто, и Асти како и презентација на бизнис форум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.