Фармацевтската компанија „Алкалоид“ на акционерите ќе им исплати дивиденда за 2013 година, по 180 денари нето по акција, стои во Предлог одлуката за исплата на дивиденда на компанијата, доставена до Македонска берза.
– Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“ на седницата одржана на ден 07.03.2014 година, донесе Предлог одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2013 година, во износ од 200 денари бруто, односно 180 денари нето по акција, што е за 9,09 отсто поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година, кога беше исплаќано по 183,33 денари, бруто, односно 165 денари нето – се вели во образложението на компанијата.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциска сметка на акционерите.
Последниот ден на тргување со право на дивиденда за 2013 година е 22 април, а прв дена на тргување без право на дивиденда за 2013 година е 23 април 2014 година.
Датумот на стекнување право на дивиденда за 2013 година е 25 април 2014 година. Исплата на дивидендата за 2013 година ќе почне од 14.05 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
Еве кој не треба да чека К-15 оваа година…
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари



