| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово голема полициска акција

policija lenta_1

Голема полициска акција е во тек во Куманово, сооппштуваат од МВР. Се апси голема група која се занимавала со разни кривични дела, почнувајќи од недозволена трговија со дрога, лихва, па и перење пари. Групата функционирала подолго време. Како што дознаваме, досега се приведени десетина лица.

Таа, по акцијата „Пепел“ го презела и теренот на Бајруш Сејдиу и почнала со уште посурови методи.

Првоосомничениот во акцијата во обид да избега се качил покрив на куќа, и подолго време одбивал да се предаде.

Детали за големата акција се очекуваат во текот на денот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top