Во високобуџетните филмови, снимени минатата година во срцето на филмската индустрија, Холивуд, се забележува опаѓање на женските улоги. Во 300 филма снимени во Холивуд, 15 осто од главните, а 29 отсто од споредните улоги им се доделени на жените, наведува Центарот за телевизија и филм чие седиште е во Сан Диего.
Во истражувањето биле опфатени 300 филма и 7.000 улоги, а според истражувањето, само во 13 отсто од случаите, бил израмнет бројот на машките и женските улоги. Како што се наведува, во филмовите, актерките се многу помлади од актерите.
– Во филмовите најчесто играат припаднички на белата раса и тоа во 75 отсто од случаите. Најмалку улоги имаат Азијките – се наведува во истражувањето.
Кога станува збор за застапеноста на жените зад камерите, се забележува помал број на жени режисерки, сценаристки и продуцентки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.