| четврток, 6 декември 2018 |

„Јовано Јованке“ во изведба на „Perpetuum Jazzile“ бесплатно на интернет (видео)

Словенечкиот вокален оркестар „Perpetuum Jazzile“ кои со своите гласови ги имитираат сите инструменти ја понудија бесплатно на интернет познатата македонска песна „Јовано Јованке“ која ја изведуваат на сите свои концерти.

Аранжманот за песната е напишан од членовите на групата: Андраж Слакан, Само Вовк и Вања Дисдаревиќ. Солистка е Марта Костурска, по потекло Македонка.

Како што соопштија од Амбасадата на Словенија во Македонија, членовите на групата „Perpetuum Jazzile“ одлучиле оваа за нив исклучително драга песна бесплатно да ја понудат на својата публика преку интернет.

„Perpetuum Jazzile“ песната прв пат ја претстави на фестивалот Охридско лето во 2012 година.

)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top