| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалната помош зголемена за 47% во споредба со 2006

За период од 8 години износот на социјалната помош е зголемен за 47 отсто. Во 2006 година оваа категорија на граѓани добивале по 2.900 денари, а сега по 4.300 денари.

Според статистиката, за истиот период бројот на корисници на социјална парична помош е намален за речиси 30.000 лица или за 46 отсто. Во 2006 година помош од државата добивале 64 000 лица, лани оваа бројка изнесувала 34.000 лица.

За 46 проценти е зголемена и постојаната парична помош  односно средствата што ги добиваат лицата  кои се болни и неспособни да работата.

Овие лица во 2006 година добивале по  3.700  денари, а во 2014 година оваа сума е зголемена на 5.392 денари. Според статистиката, бројот на  лицата приматели на постојана парична помош е зголемен за 14 отсто.

Средсватава за социјална помош од 2006 година постојано се зголемуваат. Последното покачување е месецов за 5 отсто. За оваа намена за годинава предвидени се 60 милиони денари.

Македонија беше една од ретките земји која во услови на криза успеа да ги зголеми средствата за најзагрозената група на граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top