| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски се сретна со ад хок комисијата за набљудување на изборите

trajko

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска се сретна со членовите на делегацијата на ад хок комисијата за набљудување на изборите од парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Штефан Шенах, пратеник од Република Австрија.

Во состав на делегацијата се и Роберт Валтер од Велика Британија, известувач на комисијата за надзор на Република Македонија, Маргус Хансон, пратеник од Република Естонија, и Шабан Дисли, пратеник од Република Турција. На средбата со нив Вељановски ги информирал за актуелната состојба во однос на распишаните претседателски и предвремени парламентарни избори во Република Македонија, за почнување  на изборниот процес со претходно утврдени изборни правила прифатени и од власта и од опозицијата, како особено значајно за успешно реализирање на изборниот процес.

Соговорниците размениле мислење за повеќе прашања, меѓу кои иницијативата и причината за распишување предвремени парламентарни избори, активностите на работната група формирана во април, прифатливоста на предвремените парламентарни избори за сите политички партии, застапеноста во изборниот процес и во новиот собраниски состав на припадници од помалите етнички заедници, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top