| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ на средба со делегација на ЕУ

sdsm
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, и заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, денеска се сретнаа со делегација на Европската унија предводена од Теркел Петерсен, заменик-шеф на Одделот за западен Балкан, и Јоханес Виерек од истиот оддел.

– Спроведувањето на двојните избори влијаат и на идните чекори на нашата држава во однос на евроинтеграцискиот процес. Овие избори ќе бидат тест и за институциите и за медиумите, меѓутоа однесувањето на владејачката партија е клучно во постигнувањето на таа цел. На денот на изборите најважно е каква порака ќе испратиме како држава – нагласи Заев.

Заменик-шефот на Одделот за западен Балкан, Петерсен изрази надеж дека формирањето на следниот парламентарен состав значително ќе придонесе кон зголемување на демократскиот капацитет на Собранието на Република Македонија. Настаните од 24 декември не смеат да се повторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top