| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Заев во бизниси со своите братучеди, така функционира овој двоец

Доколку македонската јавност досега не знаеше кои се таканаречените граѓански здруженија „Плоштад Слобода“, „Распеани скопјани“ или, пак, кои се „Паркобрани“, кои секогаш се појавува да ги спроведат партиските агенди на СДСМ, сега тоа станува совршено јасно, истакна денеска на прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека, покрај очигледната голема поддршка од СОРОС, овие организации имаат и друга заднина. Еден од најгласните водачи на сите три таканарачени граѓански здруженија е Никола Наумоски, прв братучед на Радмила Шекеринска.

– Никола Наумовски уште во 2011 година е прв запишан сопственик на фирмата СОФИКС ДОО, актуелна овие денови со бизнисите давани од страна на Јован Деспотовски, меѓународен секретар на СДСМ, на првата братучетка на Радмила Шекеринска, Искра Петровска, која, пак, е сестра на Никола Наумовски. Фирмата СОФИКС е сопственик на фирмата БТ Македонија, која директно се појавува како фирма која добива бизниси од Секретаријатот за европски прашања, а доделен од меѓународниот секретар на СДСМ, Јован Деспотовски. Врз основа на решение меѓународниот секретар на СДСМ, внатре во Секретаријатот, има лично овластување за актите за материјално-финансиското работење на донацијата од Владата на Кралството Норвешка. Законот за јавни набавки, во член 9 предвидува дека овие средстава може да се располагаат и без тендерска постапка. Очигледно е дека бизнисот го добива фирма која фамилијарно е поврзана со Радмила Шекеринска. Фирма во која бил сопственик нејзиниот прв братучед Никола Наумовски, а управител првата братучетка Искра Петровска. Логично е, човекот кој е вработен во Секретаријатот за европски прашања од страна на Шекеринска, а денес и е еден од најблиските соработници, ја одбира фирмата БТ Македонија, која пак е фамилијарно поврзана со Шекеринска. Станува збор за минимум 820.923 денари, според документите со кои ние располагаме. Дали има повеќе, сега или во минатото, со оваа фирма или со други фамилијарно поврзани фирми на Шекеринска и други членови на раководството на СДСМ треба да одговорат тие – додаде Ѓорчев.

Тој нагласи дека ако некој се чудеше како функционирал двоецот Шекеринска – Заев, денес е јасно.

– По принципот на братучеди. И едниот и другиот имаат братучеди кои се бизнис поврзани. Кога ќе видите некоја ваква организација, како „Распеани скопјани“, „Плоштад Слобода“ или „Паркобрани“, која тера партиска агенда за СДСМ, скоро секогаш треба да ви биде на увид дека тоа некој дебело го плаќа од заднина. Дали се тоа средства од СОРОС, од државата, од локалните самоуправи или од меѓународна помош е исто. Она што е значајно е дека водачите на тие организации секогаш имаат некоја фамилијарна или партиска или бизнис поврзаност со врвот на СДСМ. Зачудени сме до каде оди дрскоста на СДСМ и нивната арогантност. Што мислеа, дека нема да се дознае како се поврзани? Прашањето на кое мора да одговори Радмила Шекеринска и СДСМ е дали по истиот принцип постапувала и кога таа била шеф на СЕП. Ако нејзините вработени денес имаат храброст и дрскост да постапуваат вака, можеме само да замислиме како постапувале кога шефица им била Шекеринска. Премногу ваши и братучеди на Заев се појавија во бизнис релации со институции и луѓе каде имате влијание.

Можете да кажете дека сѐ е чисто и законски, тоа е ваш избор, но фактот дека еден мал милион ваши и братучеди на Заев добивале работа никој не може да го избрише. Скандалите со фамилијата на Заев, скандалите со скапата кирија од 5317 евра која Шекеринска ја добиваат за стан кој е нивен и сами живеат во него, скандалите со повеќето станови, луксузни вили и џипови, скандалите со тендерите во Куманово кој ги добива Дамјан Манчевски, итн. говорат за начинот по кој СДСМ размислува и работи. Очигледно е дека во СДСМ ништо не се менува – искоментира тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top