
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари годинава изнесува 1,3 милијарда денари, што претставува зголемување од 47,2 проценти во споредба со јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 54,4 проценти, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата за 12,7 проценти.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи статистика бележи кај индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата, а намалување кај житата, зеленчукот, фуражните растенија и грозјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


