| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентот на Крим усвои декларација за независност

krim-vrhovna-rada

Парламентот на Крим усвои декларација за независност на републиката, јави „Итартас“.

– Овој документ е неопходен за спроведување референдум и за овозможување на влезот на Крим во составот на Русија – изјави претставник на локалните власти.

Тој истакна дека усвојувањето на декларацијата претставува техничка процедура.

– Парламентот денеска усвои гаранции за правата на кримскотатарскиот народ и за интегрирањето на кримската заедница – соопшти парламентарната служба за односи со јавноста.

Од друга страна, украинската Рада го предупреди кримскиот парламент дека ќе биде распуштен доколку до утре не го откаже за референдумот за независност, кој е закажан за 16 март .

Во меѓувреме, соборениот украински претседател Виктор Јанукович повторно ѝ се обрати на јавноста од Русија, вторпат во последните десетина дена, порачувајќи дека останува единствениот легитимен шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на Украина.

 

– Сигурен сум дека војниците нема да ги прифатат наредбите на криминалците – истакна Јанукович на прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон.

 

Тој оцени дека претседателските избори што се закажани за 25 мај се апсолутно нелегитимни и незаконски.

 

Според него, низ градовите во Украина патролираат маскирани вооружени луѓе, а беззаконието се зголемува.

 

– Американскиот закон не дозволува САД да им даваат финансиска помош на нелегитимни влади – заклучил Јанукович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top