Во најстарата музејска институција во Република Македонија, која се грижи за заштитата на природното богатство на нашата земја, денеска со Унгарски филмски фестивал за природата, почнаа активностите за одбележување на јубилејот – 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Унгарија.
– Овој фестивал е убава можност да го потврдиме континуитетот на искреното пријателство и довербата меѓу нашите две држави кои внимателно се градат и унапредуваат на сите политички нивоа и во сите општествени сфери. Во тој контекст радува фактот што и оваа година и во Република Македонија, но и во Унгарија ќе се реализираат бројни проекти и активности со кои ќе се унапредат нашите билатерални односи – рече министерката Елизабета Канческа-Милевска
За унгарскиот амбасадор Бенце поддршката во реализацијата на овој настан и на сите други активности со кои во изминатиот период ја продлабочиле културната и образовната соработка помеѓу нашите држави претставува голем и значаен успех.

-Со желба за долговечност на нераскинливите врски меѓу македонскиот и унгарскиот народ, ви посакувам вистинско уживање во богатите природни реткости на унгарската земја. Премиерите на нашите две држави потпишаа билатерални договори за соработка, со кои ќе се одобруваат стипендии за студирање на македонски студенти во Унгарија и унгарски студенти во Македонија, веке неколку недели наназад во Македонија отворивме изложби на дела од повеќе унгарски уметници, како и презентација на творештвото на унгарски композитори, а за возврат македонски уметници ги презентираа своите дела во Будимпешта, неколку градови од Македонија се збратимија со градови од Унгарија, така што се надевам дека споработката меѓу нашите две држави уште повеќе ќе се подобрува и продлабочува – рече амбасадорот Бенце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција


