-По цел ден сме заедно. Читаме весници, слушаме радио, разговараме. Имаме многу заедничко, вели Фахира Турковиќ, 75 годишната сродна душа на 107 годишниот Јован Јовановиќ од Сараевскиот дом за стари лица.
-Не зближи состојбата. Беше војна, ужас, секој момент чекаш да бидеш убиен. Фахира е интелектуалка, а мене тоа ми одговара. Повеќемината тука не ме разбираат, а човек со човек може, а со нечовек не може, се надоврзува Јован.
На 105 години Јовановиќ објавил филозофски труд за „Горски венец“, а неодамна апстрактен труд за лагата. Фахира ги чита сите негови трудови пред објавување. Бидејќи знае руски, му рецитира стихови на Оњегин, а Јован вели дека таа има и подобар акцент од него.
-Домот не би бил ист да се немаме еден со друг. Секогаш му велам „Што би правела јас без тебе?“. кон мене е многу внимателен, грижлив и добар. Не би можела без него, опишува Фахира Турковиќ.
Двајцата се сложни дека животот е чуден. Јован последните години има проблеми со нозете, па сега се повеќе дома. А претходно оделе во театар, на изложби, на излети и прошетки. Јован преживеал пет војни, а смислата на животот ја наоѓал во учителствувањето. Вели, никогаш не се занимавал со политика, но „секогаш имате непријатели. Преживеав страшни прогони, вистинско чудо е што доживеав толкава старост. Но, ја најдов среќата кога ја запознав Фахира“.
Вистински доказ дека за љубовта нема граници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


