Еден од најистакнатите техноуметници и електронски иноватори Брандо Лупи на 22 март гостува во Скопје, во „Сити хол“.
Лупи е продуцент, музичар, диџеј, фотограф, кој работел со голем број талентирани уметници.
Компонира музика за филм, сопственик е на издавачката куќа, а настапувал на многубројни фестивали и клупски гостувања.
Билетите во претпродажба чинат 200 денари и може да се купат во „Југотон“ во ГТЦ, салоните на „Уан“ и во продажната мрежа на „МК тикетс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.