Млада тетовчанка вработена како комерцијалист успеала да ја изигра фирмата и да продава стока на непосточки фирми. Потоа истата стока ја продавала на други со каса-прими и на ваков начин успеала да си присвои околу 16.000 евра, се додека не била фатена од полицијата.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(27) од Тетово, поранано вработена во „Крафт Логистик“ ДОО Експорт Импорт од село Крушопек за кривични дела измама и затајување.
Во периодот од 2011 до јануари 2013 година, пријавената додека работела како комерцијалист направила нарачки на стока за непостоечки фирми низ Тетово, додека пак стоката што им ја доставувале во „Крафт Логистик“ ја наплатувала со каса прими, наместо да ги уплати на жиро сметка на фирмата, а паричните средства во износ од 970.691 денари противправно ги присвоила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа


