| четврток, 6 декември 2018 |

„Војната почна“ – драма во Хрватска

hrvatska drama zaloznikНепознат човек предизвика заложничка драма во хрватскиот град Ѓурѓевац откако синоќа извршил грабеж во трговскиот центар „Лидл“, а потоа и киднапирал жена.

По грабежот, киднаперот избегал во непознат правец, а целиот град е под опсада. Драмата трае цела ноќ, а на терен се и припадници на антитерористичките единици.

Полицијата сѐ уште нема информации каде точно се наоѓа киднаперот.

Djurdjevac, 10.03.2014 - Naoruzan muskarac oteo zensku osobu i pobjegao u nepoznatom smjeru

Според „Јутарњи весник“, човекот бил идентификуван како Здравко Кенџелиќ, кој наводно бил фатен во кражба на сапун, а кога му пришло обезбедувањето, тој почнал да бега. При бегството употребил и оружје, а потоа влетал во автомобил што го управувала жена. Жената ја зел со себе како заложник.

Како што јавува весникот, Кенџелиќ минал 14 години во затвор во Германија поради двојно убиство. Прво бил осуден на шест години поради убиство на еден човек, а потоа добил уште осум години поради убиство на цимерот од затворската ќелија затоа што наводно му сметало неговото грчење.
Во текот на драмата, која трае цела ноќ, киднаперот на својот профил на „Фејсбук“ напишал на хрватски и германски јазик: „Војната почна. Aко јас, тогаш сите!“

vojnata pocna

kidnaper2

„Јутарњи лист“ претпладнето јави дека „војната“ завршила утрово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top