Девет компјутери се украдени од две скопски училишта во текот на изминатиот викенд, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првата кражба се случила во основното училиште „Дрита” во скопско Копаница. Крадецот влегол во училница на вториот кат од каде што одзел шест компјутери. Втората кражба се случила рано утрово во ОУ „Крсте Мисирков” во населба Ченто од каде што се украдени три компјутери. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


