| четврток, 6 декември 2018 |

Апел од странските мисии: Итно средете си ја политичката криза

Македонија итно да ја надмине политичката криза во која западна, порачуваат шефовите на мисиите на Европската унија, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на Соединетите Американски Држави, кои доставија заедничка пишана изјава до медиумите

Britain EU flags

Тие изразуваат голема загриженост од политичката состојба во земјава и ги повикуваат сите страни да го зајакнат политичкиот дијалог.

– Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани, се вели во заедничката изјавата од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top