Во најголемата и природно најбогата зејма на светот живеат вкупно 185 етнички групи од кои најголемите имаат свои посебни републики. Иако овие групи не се мнозинство во сите републики, постојат критични жаришта во кои постојат силни сепаратизми.
Фантастичната бројка од 185 различни етнички групи живеат во Руската федерација кој ја сочинуваат 83 федерални субјекти, а 21 од нив се републики, во кои не-руските националноси се мнозинство или претставуваат значаен дел од бројот на жителите и кои имаат свои устави, влади и собранија. Тоа се: Адигеја, Дагестан, Ингушетија, Чеченија, Северна Осетија-Аланија, Кабардино-Балкалија, Калмикија, башкирија, Карелија, Татарстан, Чувашија, Република Мариј Ел, Мордовија, Удмуртија, Јакутија, Алтај….и многу други.
Она што дополнително ја комплицира ситуацијата за сепаратистите, а ја олеснува за Москва, е тоа што етничките групи во многу од своите титуларни републики воопшто не се мнозинство. Исто така треба да се нагласи дека повеќето од Татарите за разлика од останатите национални малцинства во Руската Федерација живеат надвор од својата титуларна република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.