| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на повидок: Руските сили отвориле оган на Крим

Руските трупи отвориле оган при преземањето на воена база на Крим, објави „Интерфакс“ според икзјавата на украински полковник кој тврди дека околу два часот попладне руските воени единици презеле база во Бакчисарај, на Крим при што на украинските војници им биле одземени мобилните телефони и почнале да ги поместуваат нивните возила. Ниту еден од украинските војници не е повреден, акомандантот на базата се обидува да предговара за окончување на акцијата, објавува „Ројтерс“ велејќи дека други детале засега не се познати.

Tan2014-3-3_19413175_0

Руските сили кои ја презедоа контролата на повеќе воени објекти ширум полуостровот Крим досега не разменија истрели. Руските сили денеска го зацврстија своето присуство со освојувањето на воената болница во Симферопол и базата на украинската војска во Севастопол, на неколку дена пред историскиот референдум за иднината на овој полуостров во Црното море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top