| четврток, 6 декември 2018 |

Лидија Димковска – членка на жирито за престижната награда „Херберт“

lidija

Во меѓународното жири за престижната награда за животно дело за поезија „Херберт“ што се доделува во Варшава, член е и писателката Лидија Димковска.
Таа ќе биде претставник на Македонија и на Словенија, а ќе биде во друштво на: Михаел Кругер (Германија), Агнета Плејел (Шведска), Жауме Валкорба Плана (Шанија), Томас Венцлова (Литванија/САД), Јарослав Миколајевски (Полска) и Едвард Хирш (САД).
Токму жирито реши Димковска да одржи говор за творештвото на годинашниот добитник на на наградата, американскиот поет со српско потекло, Чарлс Симиќ. Наградата ќе му биде врачена на 14 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top