
По повод Светскиот ден на жената – 8 Март, викендов во Загреб регионалната организација „Инвестирај во иднината“ која го третира прашањето за женското лидерство, поддржана од американскиот Стејт департмент, одржа регионална конференција на тема: Успех!
Делегатите на конференцијата одбраа да го одбележат Светскиот ден на жената работејќи на свеста на жената за поттикнување на нејзиното активирање и учество во бизнисот. Клучната порака на конференцијата е дека женското претприемништво не е прашање со родова, туку со економска природа.
На тродневната конференција се поврзаа повеќе од 100 жени претприемачи од 12 земји меѓу кои: Русија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Британија, Молдавија. Настанот го поддржа и градот Загреб и Министерството за претприемништво на Хрватска.
Македонија активно учествува во овој проект преку организацијата Македонска мрежа на ментори, поддржана од Американската Амбасада во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Поинаку“ и честиташе 8 март на битолската градоначалничка со дрвце во дупка на среде улица
-
Кинотека на Македонија го одбележува 8 Март со прикажување на три долгометражни филма чии режисерки се жени
-
Изложба по повод 8 Март – „Жената во Македонија низ времето“
-
Попоски во Пекинг на форумот „Еден појас, еден пат“


