РК Вардар ги информира своите навивачи дека од денеска 10.3.2014 година, па сѐ до сабота 15.3.2014 година, ќе врши замена на блок-влезници од групната фаза во Лигата на шампионите оваа сезона со карти за осминафиналниот дуел против Хамбург. Со приложување на картичките ќе добијат нови карти со истите места за седење.
По оваа замена в сабота почнува и продажбата на влезници за престојниот дуел со Хамбург.
Замената на блок-влезниците ќе се врши само во Југотон во ГТЦ.
Продажбата на карти ќе се врши преку дистрибутивната мрежа на „МК тикетс“, односно во продажните салони на „Оне“ низ Македонија (Скопје: Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, Веро Центар, Скопје Сити Мол; Куманово; Тетово; Гостивар; Битола 01; Охрид; Струга; Неготино; Кавадарци; Прилеп; Штип; Велес; Кочани; Струмица; Гевгелија)
Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).
Продажбата ќе се одвива и преку Онлајн на следниов линк: http://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx?pEventID=307
Цената на влезниците изнесува од 200 до 600 денари во зависност од местото на седење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда


