Во пресрет на новата туристичка сезона, некои хрватски агенции веќе почнаа со огласување наем на островите на Јадранско Море за тие со подлабок џеб, јавува „Дневник.хр“.
Со оглед на популарноста на Хрватска како туристичка дестинации меѓу странците, агенциите очекуваат дека ќе има заинтересирани за престој на приватни острови.
Веќе е позната цената за изнајмување на островчето Мале Бисаге крај Задар. Во шпицот на сезоната, од 1 јули до 1 септември, островот може да се изнајми за 3.000 евра неделно. Островот е со површина од 4.500 квадратни метри, а на него се наоѓа куќа од 100 квадрати.
Цената за дневен наем на островчето Присњак, кој се наоѓа 300 метри западно од Муртер, се движи од 500 до 1.500 евра, во зависност од периодот во сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.