Милко Ѓуровски остави траен печат со прекрасните игри и голови во Гронинген, а раководството и навивачите на холандскиот клуб, вчера му приредија кралски дочек на македонскиот фудбалер.
Милко беше гостин на својот поранешен клуб на дуелот со Феенорд, што предизвика ерупција на „Еуроборг“ арена, а некогашниот играч на Гронинген беше поздравен со стоечки овации.
Ѓуровски играше за холандскиот тим 4 сезони од 1990 до 1994 година и одигра неколку незаборавни мечеви, што останаа запаметени од навивачите на Гронинген.
Меѓу оние што го почитуваат фудбалското дело на Ѓуровски е и легендата на холандскиот фудбал, Роналд Куман со кого Милко се фотографираше при посетата на Гронинген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст