| четврток, 6 декември 2018 |

Италија ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија

dzeri-naumof1-600x400

Министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, неделава, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и економскиот промотор во Италија, Иван Илиев, во Италија ќе ги претстават можностите за започнување бизнис во Македонија.

Посетата почнува во регионите Емилија Ромања и Марке, каде ќе бидат остварени средби со највисокиот врв на неколку водечки компании од областа на производство на висока технологија. Исто така  делегацијата ќе има работна вечера со менаџерите на глобална компанија лидер во производство на машини за градежна и рударска индустрија. Дел од средбите ќе бидат со компании кои веќе ја разгледуваат Македонија како нивна инвестициска дестинација.

Предвидено е Наумоф и Мизо да остварат средби со компании од 7 градови од регионите Пиемонте, Ломбардија, Емилија Ромања, Марке, и Трентино- Алто Адиџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top