Екипата на Олимпик Лион со двата гола во судиското продолжение на вториот дел успеа да дојде до победата на дуелот со Бордо на гостински терен, кој воедно беше и последниот натпревар во рамките на 28.коло од француската Лига 1.
Екипата на Бордо го отвори резултатот уште во осмата минута, откако Саивет го постигна водечкиот погодок. Овој резултат беше непроменет сѐ до самиот крај на натпреварот, кога Лион во судиското надополнување дојде до неверојатен пресврт.
Бедимо изедначи во 91. минута, а во петтата минута од надополнувањето Толисо на гостите им ги донесе трите бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.