Медиумскиот моќник Руперт Мурдок на својот профил на „Твитер“ напиша дека верува во теоријата дека малезискиот авион е соборен од муџехединска група, која сака да ѝ направи проблеми на Кина и дека тоа е можност за пријателство меѓу САД и Кина додека Русите им создаваат проблеми во Украина.
Мурдок не наведува никакви докази за неговото тврдење, ниту, пак, објаснува на што ги темели своите заклучоци.
Претходно, виетнамските власти соопштија дека биле забележани предмети на морската површина, кои му припаѓаат на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“. Од снимките направени од воздух се чини дека станува збор за внатрешна врата и парче од задниот дел на „боинг 777“. Остатоците се пронајдени на околу 80 километри југозападно од виетнамскиот остров То Чуа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст