„Европската Унија направи многу интервенции со намера да се постигне компромис меѓу двете главни политички сили во Македонија за да напредува процесот на интеграција на земјата како во ЕУ така и во НАТО“, објавува радиото „902“ нагласувајќи дека разврската на настаните во последните неколку денови покажала дека граѓаните нема да имаат ништо добро за очекување.
Ова е само еден од многуте коментари и извештаи на грчките медиуми, откако СДСМ излезе со дефинитивен став дека нема да учествуваат на претстојните локални избори.
„Имерсиа“, „Нафтемпорики“, „Прототема“ – СДСМ и Црвенковски повторно се топ тема.
„Прототема“ – весник кој често објавува крајно националистички содржини, а за кој што многумина тврдат и дека е близок до неонацистичката „Златна Зора“, посветува голем текст исклучиво на СДСМ, на Црвенковски и во неколку наврати пренесува делови од изјавата на потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев. „Прототема“ не го пропушти ни делот во кој што Георгиев упатува навреда до македонскиот премиер, велејќи дека имал синдром на поделена личност. Ваквата навреда на Георгиев следеше откако премиерот Груевски порача дека Црвенковски е поголем Грк и од грчкиот премиер Самарас, поради услугата што опозицискиот лидер му ја прави на јужниот сосед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



