Властите на Крим очекуваат дека ќе преминат под јуриздикција на Руската Федерација најкасно еден месец откако на референдумот се донесе одлука за вклучување на полуостровот во составот на Русија, јавува РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на претседателот на кримскиот парламент, Владимир Константинов.
„Очекуваме дека сѐ ќе заврши во март. Жителите на Крим веќе кон крајот на март ќе бидат во составот на друга земја“, истакна тој.
Константинов очекува дека буџетот на автономната република ќе се удвои кога Крим ќе стане дел од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.