| четврток, 6 декември 2018 |

Крим почна да добива финансиска помош од руските региони

Руските региони веќе започнаа со давање на финансиска помош на Автономната Република Крим, пренесува РИА Новости. Изјавата ја даде денеска спикерот на Врховниот совет на Крим, Владимир Константинов.

-Сега ние добиваме помош од сите региони на Руската Федерација. Тие средства веќе дојдоа до нас, и затоа ние успеваме да ги покриеме сите финансиски трошоци и ги решаваме финансиските проблеми, забележа тој за време на конференцијата за печатот во Симферопол.

Освен тоа, спикерот соопшти дека буџетот на Крим има доволно средства за одржување на референдумот на 16 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top