Познатиот режисер Емир Кустуррице предизвикан од настаните во Украина и изјавата на Хилари Клинтон дека Путин е Хитлер на 21 век, напиша колумна во дневниот весник „Политика“ каде се изјасни за ова прашање.
-Да се нарече Путин фашист поради интервенцијата во Украина, а притоа да се биде креатор на војните во Романија, Авганистан, Ирак и Косово е незамисливо, пишува Кустурица.
Тој во својот текст исто така додава дека Американците не ја ослободиле Европа од фашистите, туку дека во таа војна својот живот го дале 20 милиони Руси.
-Нема врска што оние што ги обвинуваш изгувиле 20 милиони животи во борбата против Хитлер. А потоа наследникот на таа нација го нарекуваш Хитлер, а вистинскиот фашист го амнестираш од вина. Вистината не е вооптш „cool“, но што да правиме. Ако се согласиме со тоа како ќе реагираме доколку наскоро се појави теорија дека мајмунот настанал од човекот? Како што сега стојат работите не е е чудо и тоа да се случи, напиша Кустурица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.