| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се дамите во машката професија- најуспешни жени во градежништвото

Скопски саем по повод Саемот за градежништво и 8-ми Март, денот кој ја слави борбата за правата на жената издвојува пет жени од сферата на градежништвото, се со цел да им оддаде простор за признание.Овие жени, од една страна се издвојуваат како пионери и заговорници на грдежниот шлем во женска форма, а други, пак, поради призанија и проекти кои се значајни во кратката македноска историја на македонската жена градежник.

Градежништвото иако често перципирана како „машка” професија, трендот во Македонија говори дека тоа се стереотипи кои треба да се надминат. Не само овие пет дами, стручњаци, професионалци, туку и многу други проектанти, инженери, машинци се припадници на понежниот пол.

Статистиката покажува и дека сé повеќе има студентки на Градежниот факултет, што е знак дека се урнати сите предрасуди и дека жената „машки” излегува на терен. Примерите од практиката говорат дека ти се флексибилни, бестрашни, дека сакаат и можат да се носта со предизвиците на оваа професија.

На последниот ден на Саемот на градежништво, Скопски саем ги додели петте признанија токму на петте дами кои оставиле значаен белег во изминатите години во областа на градежништвото: Радојка Дончева, Олгица Стокуќа, Марјана Поповска, Јана Гугуловска – Ѓорѓевиќ и Драгана Чифлиганец.

 

Токму поради надминувањето на стереотипите и сé поголемата присутност на дамите во градежништвото, овој мал, но значаен настан за дамте во градежништвото, Скопски саем ќе го претвори во традиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top