| четврток, 6 декември 2018 |

Позитивците со политики за заштита на македонскиот културен, јазичен и етнички идентитет

APM prva kancelarija (1)

Алијансата за позитивна Македонија, најави спроведувањето на политики на заштита на македонскиот културен, јазичен и етнички идентитет и активна заштита на правата на Македонците во соседните земји и пошироко, во склад со уставите, законите и меѓународните акти што соседните земји ги имаат потпишано и ратификувано за заштита на националните малцинства.

„Македонското малцинство во соседните земји и регионот за Алијансата за позитивна Македонија претставува мост за развивање на билатералната и регионалната соработка на Република Македонија со соседните земји и земјите од регионот, со цел за побрза интеграција на целиот регион во ЕУ и НАТО“, се нагласува во соопштението од партијата.

Од партијата велат дека таа во наредниот период ќе го помага излегувањето на засега единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Преспа“, но исто така е отворена за соработка со сите организации и правни субјекти во соседните земји и регионот за заштита на јазичниот, културниот и етничкиот идентитет на Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top