Претседателот Иванов денеска ги посети прилепските села Канатларци и Тополчани кадешто со локалните жители поразговара за актуелните инфраструктурни проекти. Жителите на Канатларци изразија задоволство од изградбата на системот за водоснабдување и асфалтирањето на неколку патишта во регионот.
Локалното население изрази задоволство и од тековната изградба на индустриската зона „Прилеп 1“, каде се очекува вработување на околу 2.000 лица од прилепскиот регион, што според нив значи перспектива за поширокиот крај.
Дополнително, локалната власт посочи на плановите за изградбата на индустриската зона „Прилеп 2“, која во иднина ќе овозможи до 1.000 нови вработувања.
Како идни проекти планирани во Канатларци, населено место во кое живеат речиси 1.000 жители, се посочени изградбата на канализационен систем и изградба на повеќенаменско игралиште.
Во рамки на посетата на Тополчани, кадешто се сретна со жителите од ова населено место, на средбата присуствуваа и жители на селата Чепигово и Тројкрсти.
Жителите на Тополчани, заблагодарувајќи се за посетата на претседателот Иванов, посочија дека ова е прва посета на македонски претседател на нивното село по поранешниот претседател Борис Трајковски.
Локалните жители изразија задоволство од исплатата на субвенциите. За подрачната единица во Прилеп, за 2013 година, се исплатени вкупно 144 милиони денари.
Жителите на Тополчани посочија и на извршената санација на подрачното основно училиште „Круме Волнароски“, кадешто е извршена набавка на опрема во училиштето, реконструирана е спортската сала, изградено е спортско игралиште, рестартирана е подрачната библиотека и е отворена нова градинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево