| четврток, 6 декември 2018 |

Ако љу­бов не­мам, ни­што не сум

Елин Пе­лин ре­кол: „Сè што ќе се ка­же за љу­бо­вта, сè е ви­сти­на“. И, ве­ро­јат­но, не згре­шил

Љу­бов е ко­га на сим­па­ти­ја­та ќе му се из­ви­ниш и ко­га ќе му да­деш не­што што го са­ка – ве­ли се­дум­го­диш­на­та Ива.

Љу­бов е ко­га не­ко­го са­каш, а и тој те са­ка за­тоа што уба­во чи­таш или си до­бар по ма­те­ма­ти­ка или пе­еш уба­во – об­јас­ну­ва де­ве­тго­диш­на­та Теа.

Што е љу­бов? Ова е нај­по­ста­ву­ва­но­то пра­ша­ње на гугл (google) во те­кот на 2012 го­ди­на, за­га­тка на ко­ја не­ма еден од­го­вор. Што е љу­бов пра­шу­ва­ле во си­те зем­ји во све­тот, а во де­сет зем­ји е на вр­вот. По си­те акту­ел­ни слу­чу­ва­ња, оз­бо­ру­ва­ња, по­тра­ги по но­ви ве­сти, ин­те­ре­сот за чо­ве­ко­ви­те вр­ски оста­на на вр­вот. Елин Пе­лин ре­кол: „Сè што ќе се ка­же за љу­бо­вта, сè е ви­сти­на“. И, ве­ро­јат­но, не згре­шил.

Спо­ред Ге­те  во љу­бо­вта сè е ри­зик, а Бра­нис­лав Ну­шиќ сме­та де­ка нај­о­пас­но­то не­што за љу­бо­вта се отсус­тва­та. Ми­ха­ил Пра­швин ве­ли „Тој чо­век што го са­каш во ме­не при­род­но е по­до­бар од ме­не, јас не сум та­ков. Но, ти са­кај ме, а јас ќе се по­тру­дам да ста­нам по­до­бар од се­бе“. За Пла­тон љу­бо­вта е ра­дост за до­бри­те, чу­до за му­дри­те и вос­хит за бо­го­ви­те, а Бал­зак сме­та де­ка тоа што е не­до­стиж­но за нај­го­ле­ми­от ум, а е до­стап­но за нај­ма­ло­то ср­це се ви­ка љу­бов. Џон Ле­нон на­пи­шал: „Ја до­би­ва­ме љу­бо­вта ка­ко дар, но љу­бо­вта е неж­но рас­те­ние. Не мо­жеш са­мо да го зе­меш и да го ста­виш на вр­вот од не­кој шкаф со мис­ла де­ка тоа ќе цве­та са­мо­то. Тре­ба да го по­ле­ваш, да се гри­жиш за не­го, да го одг­ле­ду­ваш“, а Џо­на­тан Свифт сме­та де­ка кај ма­жи­те жел­ба­та ра­ѓа љу­бов, а кај же­ни­те љу­бо­вта ра­ѓа жел­ба.

kids love

 И „Ре­пуб­ли­ка“ пра­ша што е љу­бов. Но, не „Гугл’. Ние „гуг­лав­ме“ кај на­ши­те фи­ло­зо­фи, пси­хо­ло­зи, со­ци­о­ло­зи, прет­став­ни­ци на вер­ски за­ед­ни­ци, по­е­ти… Кое е зна­че­ње­то на љу­бо­вта?

Оп­ло­ту­ва, спло­ту­ва, усре­ќу­ва
Д-р Тат­ја­на Сто­ја­но­ска Ива­но­ва,со­ци­о­лог од Ин­сти­ту­тот за со­ци­о­ло­ги­ја – Фи­ло­зоф­ски фа­кул­тет сме­ат де­ка со пра­вил­но по­и­ма­ње на љу­бо­вта ќе не­ма ла­ги и ма­ни­пу­ла­ции:

Врв­на вред­ност во хи­е­рар­хи­ја­та на вред­нос­на­та ска­ла, вред­ност што тре­ба да би­де ѕвез­да во­дил­ка и дви­га­те­лен им­пулс во актив­но­сти­те и во дејс­тва­та на се­кој по­е­ди­нец. Љу­бо­вта ка­ко еден се­оп­фа­тен оп­штес­твен ди­скурс, сфа­те­на во ед­на ши­ро­ка ко­но­та­ци­ја, што по­драз­би­ра во се­ко­ја ко­му­ни­ка­ци­ја, во се­ко­ја актив­ност да се пој­де од ос­нов­ни­те по­сту­ла­ти што ги со­др­жи љу­бо­вта. Таа е су­штес­тве­на и на­суш­на по­тре­ба на се­кое оп­штес­тво би­деј­ќи тоа тре­ба да прос­пе­ри­ра и да до­жи­ву­ва про­грес во се­кој оп­штес­твен сег­мент до­кол­ку сѐ се те­ме­ли на љу­бо­вта. Љу­бо­вта ту­ка е не­о­гра­ни­чу­вач­ка, без­вре­мен­ска, љу­бо­вта ка­ко ос­но­ва на то­ле­ран­ци­ја­та, ка­ко со­пат­ник на чес­но­ста и на по­чит­та, ка­ко не­о­де­лив еле­мент од од­го­вор­но­ста, ви­сти­на­та и доб­ле­ста. Ако ва­ка се по­и­ма љу­бо­вта то­гаш ќе не­ма ла­ги, ма­ни­пу­ла­ции, се­кој оп­штес­твен фа­ктор ќе про­ду­ци­ра дејс­тва што ќе зна­чат по­зи­тив­но и про­грес­но. Љу­бо­вта ка­ко ос­но­ва за се­ко­ја чо­ве­ко­ва по­стап­ка зна­чи до­ми­на­ци­ја на до­бро­то над ло­шо­то, пра­вил­но­то над по­греш­но­то, по­са­ку­ва­но­то над на­мет­на­то­то. Љу­бо­вта ги оп­фа­ќа си­те сфе­ри, и су­шти­на­та на чо­ве­кот, на при­ја­телс­тво­то на па­три­о­тиз­мот. Да се са­ка, да се љу­би искре­но, да се по­ста­пу­ва со љу­бов се­ка­де и во се­ко­ја си­ту­а­ци­ја е при­ви­ле­ги­ја на чо­ве­кот. Оп­штес­тво во кое до­ми­ни­ра љу­бов е среќ­но и прос­пе­ри­тет­но оп­штес­тво, а ние ка­ко не­го­ви гра­ди­те­ли ја има­ме единс­тве­на­та мож­ност да соз­да­ва­ме и да ши­ри­ме љу­бов. Во овие вре­ми­ња-не­вре­ми­ња во овој вред­но­сен ва­ку­ум тоа што тре­ба да се на­пра­ви е да се на­сто­ју­ва љу­бо­вта ка­ко врв­на вред­ност да се етаб­ли­ра во мо­рал­ни­от ко­декс на си­те лу­ѓе. Љу­бо­вта оп­ло­ту­ва, спло­ту­ва, вдах­но­ву­ва, усре­ќу­ва, љу­бо­вта раз­ви­ва и на­пре­ду­ва, љу­бо­вта об­ла­го­ро­ду­ва и збо­га­ту­ва. Си­те овие не­шта се су­штин­ски и зна­чај­ни за пра­вил­но и среќ­но на­со­чу­ва­ње на лу­ѓе­то во оп­штес­тво­то во кое жи­ве­ат и за нив­но пра­вил­но и по­са­ку­ва­но по­зи­ци­о­ни­ра­ње. За да би­де­ме лу­ѓе во ви­стин­ска смис­ла на збо­рот тре­ба да ја ста­ви­ме љу­бо­вта на пи­е­де­стал и во се­кое на­ше дејс­тву­ва­ње да би­де наш по­че­тен им­пулс, са­мо та­ка ќе гра­ди­ме сре­ќа за се­бе и за дру­ги­те.

Страст, ин­тим­ност, по­све­те­ност
Про­фе­сор д-р Ни­ко­ли­на Ке­ниг од Ин­сти­ту­тот за пси­хо­ло­ги­ја на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет:

Иа­ко на прв пог­лед изг­ле­да иро­нич­но тоа што од­го­во­ри­те на пра­ша­ња­та за ед­но од нај­комп­лекс­ни­те искус­тва, кое, по де­фи­ни­ци­ја, е во ре­ла­ци­ја со дру­ги чо­веч­ки су­штес­тва, се ба­ра­ат ток­му во сфе­ра­та на ин­тер­нет, ко­ја, пак, по де­фи­ни­ци­ја ја иск­лу­чу­ва не­по­сред­на­та по­вр­за­ност од пси­хо­ло­шка глед­на точ­ка, во­оп­што не е чуд­но што нај­пре­ба­ру­ва­ни­от тер­мин во из­ми­на­та­ва го­ди­на е ток­му љу­бо­вта. Од ед­на стра­на, љу­бо­вта, осо­бе­но ро­ман­тич­на­та љу­бов е цен­трал­на те­ма на жи­вот­ни­те на­ра­ти­ви во ре­чи­си си­те кул­ту­ри, а осо­бе­но во за­пад­на­та, ка­де што, спо­ред не­кои ана­ли­ти­ча­ри, ду­ри и ја пре­зе­ма уло­га­та на ре­ли­ги­ја­та во по­тра­га по смис­ла­та на жи­во­тот и ста­ну­ва еден вид „фун­да­мен­та­ли­зам“ на со­вре­ме­на­та до­ба.  Од дру­га стра­на, пак, на­ви­сти­на е те­шко да се од­го­во­ри на пра­ша­ње­то што е љу­бов. Фор­му­ли­ра­ње­то на се­оп­фат­на де­фи­ни­ци­ја за љу­бо­вта, па ду­ри и ко­га тие оби­ди се пра­ват во сфе­ра­та на на­у­ка­та, изг­ле­да ка­ко не­воз­мо­жен по­тфат. За мно­гу­ми­на е раз­о­ча­ру­вач­ки, но, ми­сте­ри­оз­но­ста, комп­лекс­но­ста, па во крај­на ли­ни­ја и воз­буд­ли­во­ста на љу­бо­вта со­се­ма ис­чез­ну­ва­ат ко­га оваа по­ја­ва од се­којд­нев­ни­от ди­скурс ќе се пре­фр­ли на те­ри­то­ри­ја­та на пси­хо­ло­ги­ја­та. Нај­че­сто, ме­то­до­ло­шки­те ба­ра­ња за опе­ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја и во ме­ре­ње на по­ја­ви­те ре­зул­ти­ра­ат со тоа ра­бо­ти­те што се изу­чу­ва­ат во вр­ска со љу­бо­вта да изг­ле­да­ат шту­ро, обез­ли­че­но и да­ле­ку од тоа што прет­ста­ву­ва ви­вид­но и автен­тич­но жи­вот­но искус­тво. Та­ка, во пси­хо­ло­ги­ја­та, ро­ман­тич­на­та љу­бов се све­ду­ва на важ­на, но, се­пак, са­мо би­о­ло­шка по­тре­ба, или на со­ци­јал­на раз­ме­на, или на про­дукт од ра­но­то вр­зу­ва­ње на де­те­то со мај­ка­та и слич­ни при­лич­но де­ми­сти­фи­ци­рач­ки де­фи­ни­ции, кои ни­ка­ко не со­од­вет­ству­ва­ат на воз­ви­ше­но­ста на чув­ство­то што се до­жи­ву­ва и опи­шу­ва ка­ко љу­бов.

Иа­ко бро­јот на ем­пи­ри­ски истра­жу­ва­ња во оваа об­ласт е наг­ла­се­но мал ако се зе­ме пред­вид ин­те­ре­сот што го бу­дат пра­ша­ња­та во вр­ска со ро­ман­тич­на­та љу­бов кај нај­ши­ро­ка­та по­пу­ла­ци­ја, тие да­ва­ат зна­чи­те­лен при­до­нес во раз­би­ра­ње­то на неј­зи­на­та уло­га во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на вр­ски­те, но и од ас­пект на ге­не­рал­на­та пси­хо-фи­зич­ка до­бро­со­тој­ба. Та­ка, ед­на од нај­по­пу­лар­ни­те кон­цеп­ции за љу­бо­вта на Стерн­берг (Sternberg), твр­ди де­ка ста­бил­ни­те љу­бов­ни вр­ски се пот­пи­ра­ат на три ор­то­го­нал­ни ди­мен­зии: страст или фи­зич­ка прив­леч­ност, ин­тим­ност и по­све­те­ност, од­нос­но ло­јал­ност. Раз­лич­ни­те ква­ли­те­ти на од­но­сот про­из­ле­гу­ва­ат од раз­лич­ни­от сте­пен на за­ста­пе­ност на три­те ком­по­нен­ти, а кри­тич­но ни­ско­то ни­во, или отсус­тво­то на ед­на од нив ја пра­ви вр­ска­та не­о­држ­ли­ва. Нај­но­ви­от бран истра­жу­ва­ња во вр­ска со љу­бо­вта се фо­ку­си­ра­ни на ква­ли­та­тив­ни­от ас­пект на до­жи­ву­ва­ње­то, од­нос­но на из­вор­ни­те жи­вот­ни искус­тва на лу­ѓе­то и на плу­рал­но­ста на лич­ни­те де­фи­ни­ции за тоа што е љу­бов и ко­га тие се чув­ству­ва­ат са­ка­ни. Освен тоа, сѐ по­ре­ле­ван­тен истра­жу­вач­ки проб­лем ста­ну­ва­ат ефе­кти­те на кон­стру­ктот за ро­ман­тич­на љу­бов врз два­та по­ла, од­нос­но не­го­ва­та уло­га во одр­жу­ва­ње­то на де­ба­лан­сот на моќ ме­ѓу ма­жи­те и же­ни­те што, спо­ред мое лич­но уве­ру­ва­ње, мо­же да да­де мно­гу важ­ни уви­ди и да при­до­не­се во на­по­ри­те да се уна­пре­ди ро­до­ва­та сен­зи­тив­ност, осо­бе­но во сфе­ра­та на пси­хо­те­ра­пи­ски­те ин­тер­вен­ции.

Тре­ба да се знае да се да­ва
Од фи­ло­зо­фи­те го пра­шав­ме про­фе­сор Љу­бо­мир Цу­цу­лов­ски, кој ве­ли де­ка љу­бо­вта вклу­чу­ва и гри­жа, но не ка­ко оп­то­ва­ре­ност, ту­ку ка­ко не­га на не­што или на не­ко­го:

Те­шко е на­ку­со, со са­мо ед­на де­фи­ни­ци­ја, да се ка­же што е љу­бо­вта би­деј­ќи по­сто­јат раз­лич­ни ви­до­ви љу­бов. Та­ка, по­стои љу­бо­вта на ма­жот кон же­на­та и на же­на­та кон ма­жот. Оваа љу­бов не е нуж­но се­ксу­ал­на би­деј­ќи во неа мо­же да би­де изра­зе­на при­пад­но­ста на ед­но чо­веч­ко су­штес­тво кон дру­го чо­веч­ко су­штес­тво. По­на­та­му, по­стои љу­бо­вта на ро­ди­те­ли­те кон сво­и­те че­да, ка­ко и љу­бо­вта на че­да­та кон тие што ги соз­да­ле – ро­ди­те­ли­те. Исто та­ка, по­стои при­ја­тел­ска­та љу­бов, ка­ко и љу­бо­вта кон при­ро­да­та, кон таа на­ша оп­шта мај­ка. Се раз­би­ра, наг­ла­су­вам уште ед­наш, де­ка се тоа раз­лич­ни ви­до­ви љу­бов. Но, за да би­дат тоа што се мо­ра ме­ѓу нив да по­стои не­што за­ед­нич­ко што ги чи­ни да би­дат тоа што се – љу­бов. Љу­бо­вта, ме­ѓу дру­го­то, вклу­чу­ва гри­жа. Ме­ѓу­тоа, не ста­ну­ва збор за гри­жа ка­ко за­гри­же­ност/оп­то­ва­ре­ност, ка­ко то­вар или бре­ме, ту­ку за гри­жа ка­ко не­га на не­што или не­ко­го. Ме­ѓу­тоа, не не­га сфа­те­на ка­ко не­гу­ва­ње на бол­ни­от или на не­моќ­ни­от, ту­ку ка­ко гри­жа / не­гу­ва­ње / одг­ле­ду­ва­ње на љу­бе­но­то су­штес­тво да му се да­де тоа што е во сог­лас­ност со не­го­ва­та су­шти­на. Ако са­ка да слу­ша му­зи­ка или да чи­та кни­ги, то­гаш да му се овоз­мо­жи тоа. При­тоа, гри­жеј­ќи се на љу­бе­но­то су­штес­тво да му го да­де­ме тоа што му тре­ба, не тре­ба да му го да­де­ме тоа што нам ни тре­ба, ту­ку тоа што не­му, ка­ко на ин­ди­ви­ду­ал­но су­штес­тво, на­ви­сти­на, му тре­ба. Тоа зна­чи, не да му по­да­ри­ме кни­га или му­зич­ки ал­бум са­мо за­тоа што нам ни се до­па­ѓа­ат, ту­ку за­тоа што се во сог­лас­ност со ви­стин­ски­те по­тре­би на љу­бе­но­то су­штес­тво. Да­вај­ќи му го тоа што му тре­ба, ние се гри­жи­ме за не­го, го не­гу­ва­ме тоа што во не­го по­стои и што вре­ди и по­на­та­му да рас­те и да се раз­ви­ва. За да му се да­де на љу­бе­но­то су­штес­тво тоа што, на­ви­сти­на, му е по­треб­но, по­треб­но е да се знае не­го­ва­та пра­ва, автен­тич­на, а не са­мо прет­по­ста­ве­на при­ро­да. Ка­ко што цве­ќе­то не мо­же да се одг­ле­ду­ва без да се знае кол­ку свет­ли­на и во­да му тре­ба­ат, ко­га тре­ба да се из­не­се по­крај про­зо­ре­цот или на те­ра­са­та, та­ка е и со љу­бе­но­то су­штес­тво – тоа тре­ба да се знае во не­го­ва­та најв­на­треш­на при­ро­да за да мо­же да му се да­ри тоа што, на­ви­сти­на, му тре­ба. Спо­ред тоа, со љу­бо­вта, по­крај не­га­та и гри­жа­та, оди и зна­е­ње­то.

love1

При­тоа, не ста­ну­ва збор за да­ва­ње или не­гу­ва­ње/одг­ле­ду­ва­ње ка­ко за еко­ном­ско-мер­кан­тил­ни вред­но­сти би­деј­ќи љу­бо­вта не знае за его­и­зам, за прин­ци­пот на­ти го дај ми го. Во љу­бо­вта се да­ва за­тоа што се са­ка да се да­ва/по­да­ру­ва не­што што во со­вре­ме­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја – осо­бе­но во за­пад­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја – це­лос­но се за­бо­ра­ви­ло. Се за­бо­ра­ви­ла ра­до­ста, ко­ја про­из­ле­гу­ва од тоа не­ко­му не­што да му се да­ри, се­ед­но што ќе се да­ри. Ме­сто ра­до­ста на да­ва­ње­то, де­нес е на де­ло ра­до­ста на при­ма­ње­то, ка­ко израз на крај­на­та чо­ве­ко­ва изо­ли­ра­ност и оту­ѓе­ност, ка­ко ре­зул­тат на не­сфат­ли­ва­та алч­ност да се зграп­чи кол­ку што е мож­но по­ве­ќе, се­ед­но да­ли тоа што го зграп­чу­ва­ме ни е по­треб­но. Бит­но е да се има, се­ед­но што се има. Ако не­што се да­ва, то­гаш се да­ва со умис­ла: по­втор­но да се вр­зе не­кој или не­што, за се­бе за да мо­же по­втор­но да се зграп­чи не­што од не­го.

За­тоа, љу­бо­вта по­стои са­мо во тие слу­чаи во кои по­стои гри­жа­та на љу­бе­но­то су­штес­тво да му се аде тоа што, на­ви­сти­на, му е по­треб­но. Тоа е мож­но, по­вто­ру­вам уште ед­наш, са­мо ако су­штин­ски се знае пред­ме­тот на љу­бо­вта. За­тоа, љу­бо­вта не е па­си­вен, ту­ку е акти­вен прин­цип: тре­ба да се знае за да се да­ва, а се да­ва за да мо­же да се не­гу­ва тоа што се љу­би.

Су­штин­ски дви­га­тел
Бог е љу­бов, од љу­бов нѐ соз­дал, ве­ли отец Са­шо Ни­ко­лов­ски.

Љу­бо­вта на­ша е, пред сѐ, жр­тва. Жи­во­тот го жи­ве­е­ме кон Бо­га, тоа е на­ша­та вер­ти­кал­на љу­бов, а хо­ри­зон­тал­но ја спо­де­лу­ва­ме со вер­ни­ци­те, со лу­ѓе­то. Ако не­ма љу­бов кон Бо­га, не­ма ни љу­бов кон лу­ѓе­то. Без љу­бо­вта на не­бо­то, не­ма љу­бов на зем­ја­та – отец Са­шо Ни­ко­лов­ски.
Тој го по­со­чу­ва Пр­во­то пос­ла­ние, пос­ла­ние на све­ти­от апо­стол Пав­ле до Ко­ринт­ја­ни­те во кое стои:
-Да збо­ру­вам на си­те чо­веч­ки ја­зи­ци, па ду­ри и на ан­гел­ски, штом љу­бов не­мам, ќе би­дам ба­кар, што ѕво­ни, или ким­вал што ѕве­чи. Да имам про­роч­ки дар и да ги знам си­те тај­ни, да ги имам си­те зна­е­ња за си­те ра­бо­ти, а и тол­ку сил­на ве­ра што и пла­ни­ни да пре­ме­сту­вам – ако љу­бов не­мам, ни­што не сум. И да го раз­да­дам це­ли­от свој имот, да поз­во­лам те­ло­то да ми из­го­ри – штом љу­бов не­мам, ни­што не ми ко­ри­сти. Љу­бо­вта е дол­го­тр­пе­ли­ва, пол­на со до­бри­на, љу­бо­вта не за­ви­ду­ва, љу­бо­вта не се пре­воз­не­су­ва, не се гор­дее, не пра­ви што не е при­стој­но, не ба­ра свое, не се ср­ди, не мис­ли зло, на на­прав­да не се ра­ду­ва, а на ви­сти­на се ра­ду­ва, се из­ви­ну­ва, во сѐ ве­ру­ва, на сѐ се на­де­ва, сѐ пре­тр­пу­ва.  Љу­бо­вта ни­ко­гаш не пре­ста­ну­ва, а дру­го­то, ако се про­рош­тва, ќе пре­ста­нат; ако се ја­зи­ци – ќе за­молк­нат; ако се зна­е­ња – ќе ис­чез­нат. Оти по не­што зна­е­ме и по не­што про­ро­ку­ва­ме, а ко­га ќе дој­де со­вр­ше­но­то, то­гаш ќе ис­чез­не де­лум­но­то. Ко­га бев де­те, збо­ру­вав ка­ко де­те, ка­ко де­те мис­лев, ка­ко де­те раз­мис­лу­вав; а ко­га ста­нав маж, го оста­вив дет­ско­то. Се­га гле­дам не­јас­но ка­ко во ог­ле­да­ло, а то­гаш – ли­це в ли­це; се­га знам не­што, а то­гаш ќе знам ка­ко што сум поз­нат. А се­га оста­ну­ва­ат овие три ра­бо­ти: ве­ра­та, на­деж­та и љу­бо­вта. Нај­го­ле­ма ме­ѓу нив и љу­бо­вта.

love2
Ја­куп Се­ли­мов­ски од Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца сме­та де­ка љу­бо­вта е су­штин­ски дви­га­тел на чо­ве­ко­ви­от ум
Љу­бо­вта е, пред сѐ, из­ле­зе­на од са­ми­от кре­а­тор, Алах. Еден од не­го­ви­те атри­бу­ти е ток­му љу­бо­вта. Мо­же­ме да му се обра­ти­ме со љу­бов во обре­ди­те, во мо­ли­тви­те. Љу­бо­вта про­из­ле­гу­ва од дла­бо­ко­то ве­ру­ва­ње во вред­но­сти­те на чо­ве­ко­ви­от жи­вот, не­при­кос­но­ве­но­ста на чо­ве­кот. Си­те се соз­да­де­ни од Бо­га да го са­ка­ат ка­ко што се са­ка­ат се­бе­си. Љу­бо­вта е су­штин­ски дви­га­тел на чо­ве­ко­ви­от ум, на чо­ве­ко­ва­та актив­ност. Љу­бов е да му изра­зиш на чо­век при­ја­телс­тво, бли­зи­на, под­др­шка. Љу­бо­вта е нај­воз­ви­ше­но­то чо­веч­ко чув­ство  и  одре­де­на­та лич­ност ја пра­ви по­до­бар чо­век и го бу­ди во неа тоа нај­у­ба­во­то. Љу­бо­вта нѐ оп­фа­ќа си­те. По­стои љу­бов  кон дру­ги­от , љу­бов кон при­ро­да­та, љу­бов кон де­ца­та, љу­бов кон тоа што го ра­бо­ти­ме. То­гаш чо­век мо­же да би­де сре­ќен и од Бо­га на­гра­ден.

Фраг­мен­ти за љу­бо­вта и за умет­но­ста
По­е­тот Вла­ди­мир Мар­ти­нов­ски се фо­ку­си­ра­ше на три фраг­мен­ти на љу­бо­вта, кои ја об­јас­ну­ва­ат вр­ска­та ме­ѓу љу­бо­вта и умет­но­ста:

1. Умет­но­ста се ра­ѓа од љу­бов. Не­кои ве­лат од стра­вот од смрт­та. Ду­ри и да се во пра­во, не е ло­шо да се до­да­де: од стра­вот да се за­ми­не без да се овоп­ло­ти љу­бо­вта во не­што опип­ли­во, па ма­кар и за­чу­ва­но во фраг­мен­ти, ка­ко пес­ни­те на Сап­фо. Мо­же­би, не е ло­шо и да се до­да­де: љу­бо­вта се ра­ѓа од умет­ност.

2. И на умет­но­ста и на љу­бо­вта, во прин­цип, им е ту­ѓа омра­за­та. Тој што пее, цр­та, пи­шу­ва, сви­ри…, или, слу­ша, гле­да, чи­та, слу­ша умет­нич­ки твор­би – ба­рем до­де­ка го пра­ви тоа – зло не мис­ли. Ка­ко кон­тра­реп­ли­ка го слу­шам вљу­бе­ни­от Ка­тул, кој ве­ли „ мра­зам и љу­бам (odi et amo)“.

Се­пак, има ед­на реп­ли­ка од Со­фок­ле, на ко­ја се при­се­ту­вам во ми­го­ви­те ко­га на­о­ко­лу се сее омра­за или ко­га сум во иску­ше­ние да вле­зам во неј­зи­ни­те опас­ни вит­ли. Во жа­рот на рас­пра­ви­ја­та со вуј­ко ѝ Кре­онт, Ан­ти­го­на си­те нè по­тсе­ту­ва: „За љу­бов, не за омра­за, сум ро­де­на“.

3. И умет­но­ста и љу­бо­вта мо­жат да нè до­ве­дат до еден вид убав за­мор. По по­се­та­та на из­лож­би­те во му­зе­и­те и во га­ле­ри­и­те, за­ме­лу­шен и за­те­те­ра­вен, по­ве­ќе­па­ти пред очи ми из­ла­га еден из­во­нре­ден стих од Та­го­ре: „Но­зе­те ми пап­саа под то­ва­рот на мо­е­то ср­це“.

Пишува: Билјана Зафирова

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top