| четврток, 6 декември 2018 |

Ветар и услови за слаб дожд

esen oblaci

Ветровито време, со ветер од северен правец – ова е прогнозата на Метеопро за денеска. Велат ќе има умерена облачност, која во првата половина од денот ќе донесе услови за слаб дожд во пониските делови од северозападниот крај од земјата. Во истиот регион, само на планините, ќе има врнежи од слаб снег во првиот дел од денот и повторно во текот на ноќта.

Дневниот максимум ќе достигне вредност во границите помеѓу 10°С и 13°С во поголем дел од населените места. Во Скопје максималната температура ќе се движи околу 12°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top