Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на православниот празник Свети Трифун, денеска ќе присуствува на традиционалното закројување на винова лоза на лозовите насади на винаријата „Далвина“ во село Хамзали, Босилово.
По симболичното закројување на лозите, претседателот Иванов ќе ја посети винарската визба „Далвина“.
На покана на македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот Кабинет, на настанот ќе присуствуваат амбасадорите на САД Пол Волерс, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон, на Франција Лоранс Оер, на Унгарија Јозеф Бенце, на Полска Пжемислав Чиж и вршителот на должност во амбасадата на Словачка Роберт Кирнаг.
По повод празникот на лозарите, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ќе оди на закројување на насадите на винарската визба „Тиквеш“ во селото Курија, како и на насадите на „Стоби“, а ќе биде придружуван од помошник директорот на Меѓународната организација за лозарство и вино Јан Јубан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево