Оскар Писториус, најпознатиот параолимпиец во светот, ја застрелал девојката, мислејќи дека е крадец, јавија светските агенции.
Вистинска трагедија се случила во неговиот дом во Преторија, Јужна Африка, откако неговата девојка скришно влегла, сакајќи да го изненади за денот на вљубените, „Свети Валентин“. Писториус, мислејќи дека станува збор за крадец, ја застрелал.
Според локалните медиуми, полицијата од ЈАР утрово соопштила дека во домот на параолимпиецот е пронајдено женско тело, застрелано во раката и во главата. Писториус е приведен, а во тек е истрага да се утврди што навистина се случувало во куќата на успешниот атлетичар, кој во светот е познат по тоа што трча со вештачки и специјално направени атлетски нозе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст