Младите од ВМРО-ДПМНЕ денес среде Скопје го одбележаа Денот на жената, 8 Март. Наместо цвеќиња на припадничките на понежниот пол им поделија пригодни подароци со мотивирачки пораки.

-На овој начин со овој гест сакаме да им оддадеме почит и да им го честитаме празникот на сите жени, бидејќи тие се основниот столб не само за семејството туку за целото општество. Борбата за правата на жените не била ни малку лесна и таа на многу места и ден денес трае. Од таа причина жената е симбол за борба и издржливост и таа ја заслужува целата поддршка и внимание. Им го честитаме 8 Март- Светскиот ден на жената на сите припаднички на поистрајниот пол – истакна потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Маре Ушковска.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, покрај во Скопје, 8 Март го одбележаа и во сите градови низ републиката.
Извор: Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на Македонците од Егејска Македонија кои беа жртви на егзодусот
-
„Поинаку“ и честиташе 8 март на битолската градоначалничка со дрвце во дупка на среде улица
-
Кинотека на Македонија го одбележува 8 Март со прикажување на три долгометражни филма чии режисерки се жени
-
Изложба по повод 8 Март – „Жената во Македонија низ времето“


