На инфективната болница вчера почина 80-годишен пациент од Скопје со добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А/Х1/Н1. Ова е 12. жртва од грип оваа сезона.
Пациентот, како што соопштија од Министерство за здравство, еден ден бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка билатерална пневмонија, хронична срцева слабост, како и претходно прележан миокарден инфаркт и мозочен удар. И покрај спроведената антивирусна терапија и напорите на лекарите, пациентот починал.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 100 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


