| четврток, 6 декември 2018 |

Непрепознатлива – Кристина Ковач пред 24 години (ФОТО)

Македонската публика Кристина Ковач најдобро ја запозна по улогата на жири во балканското шоу „Икс-фактор“. Но, таа на музичката сцена во Србија е подолго од 25 години.

kristina kovac

Почетоците на нејзината кариера како композитор датираат уште од деведесеттите години на минатиот век, кога Кристина и нејзината сестра имаа заедничка група.

Таа е автор на повеќето свои и песните на нејзината сестра, пејачка Александра Ковач, како и на многу други познати песни.

Нивниот татко е познатиот југословенски композитор Корнелие Ковач – Бата, кој ги има еден од најбогатите опуси на овие простори. Една од неговите безвременски песни е „Ти си ми у крви“ на Здравко Чолиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top