Електричната енергија на градилиштето на рускиот милијардер Олег Дерипаск, на кое се гради неговата раскошната резиденција на брегот на Црна Гора, беше исклучена од страна на которската Електродистрибуција, затоа што била приклучена на диво.
Компанијата на рускиот олигарх Олег Дерипаска, која е инвеститор на ‘ртот Платумини, неовластено се приклучила кон напојувањето на електрична енергија и според информациите на тамошните медиуми, била потрошена електрична енергија во вредност од 40.000 евра.
– Штом се исполнети условите , односно, штом купувачот ја плати пресметаната неовластено преземена електрична енергија и достави комплетна документација за добивање на градежен приклучок, или за поврзување со мрежата на веќе изградени објекти на локалитетот, напојувањето повторно ќе биде овозможено – се вели во соопштението од црногорското Електростопанство.
Дерипаска во близина на Будва , на 25.000 квадратни метри, гради луксузен станбен комплекс кој се состои од две големи палати и десетици помали куќи обложени во бел мермер.
Олег Дерипаска е руски олигарх, чиј главен бизнис е неговата компанија за алуминиум. Според „Форбс“ неговото богатство се споредува со она на Роман Абрамович, а се смета за еден од блиските луѓе на Владимир Путин.
Црногорското крајбрежје во голем дел му припаѓа на руските богаташи како Дерипаска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.