| четврток, 6 декември 2018 |

По илјада доктори од Македонија ќе одат на обуки во странство

lekari

Илјада здравствени работници од 2015 година годишно ќе заминуваат на обука во странство.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашање во емисијата на Миленко Неделковски рече дека Владата донела ново законско решение со кое на Министерството за здравство му се наложува секој година да испраќа по 1.000 доктори и медицински сестри во болници во странство каде што ќе совладуваат нови методи на лекување.

„Секој лекар со под пет години искуство ќе мора да замине да научи некоја нова метода“, вели премиерот Груевски.

Досега на годишно ниво заминуваат по 500 вработени во јавното здравство. Владата досега има договори со 47 болници низ светот за обука на нашите здравствени работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top