Законите важат за сите исто. Фокусот е кон странските иннвеститори, зошто таму нѐ немаше. Ако мене ме прашате, јас сум порадосен наш инвеститор да отвори работни места – изјави вечерва Никола Груевски, премиерот на Македонија во гостувањето кај Миленко Неделковски на телевизијата „Канал 5“.
– Сакам да ве убедам дека не правиме разлика меѓу странски и домашни компании. Сакаме да му помогнеме на секој што сака да инвестира. Дали домашен или странки инвеститор ќе обезбеди работни места не е важно, важно е тие места да се отворат – изјави Груевски.
Тој нагласи дека клучно за слободните економски зони е дали имате добра бизнис клима.
-Може да направите 100 економски зони, но никој да не ви дојде. Клучно е дали ќе создадете добри услови, со кои ќе се привлечат инвеститорите. Зоните претходно немаа инфраструктура, немаше бизнис клима. Во време на СДСМ имаше Агенција за странски инвестиции, но никој не знаеше дека таа постои, таа немаше функција, немаше промотори. Се направија крупни измени кои им одат во прилог на инвеститорите. Претходно и понудата беше слаба и организацијата не постоеше. Крупната работа е тоа што се става фокус на привлекување инвестиции. Тој труд се исплатеше, се ставија и тројца министри специјализирани за привлекување инвестиции. Во некои други времиња, во 90-тите, односот кон бизнисмените беше како кон криминалци. Тоа се луѓе кои отвораат работни места, кои имаат капитал, рече Груевски.
Груевски нагласи дека на инвеститорите гледаат како начин, средство, помагајќи им нив, да се дојде до отворање на нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии