Државна лотарија на Македонија ја прошири својата мрежа со отворање нови уплатно-исплатни места за игрите на среќа во повеќе градови во земјава.
Новите уплатно-исплатни места се во Берово и Русиново БКБ Маркети, во Битола Планет кај пазарот, во Куманово ВИТА ПРЕС на плоштадот и Штип ПАП НЕТ кај стадионот.
Во Скопје новите упатно-исплатни места се ТОЛЛАКС и ДИМГО ПЕТРОЛ на Улица Македонија кај кино Вардар, НАНА СОЛИСА во населбата Топанско поле, АН ГО во населбата Ченто кај пазарот, АЛКА ЦВ во Ново Лисиче кај паркот со авиончето, ВИТА ПРЕС на Рузвелтова кај Зоолошката градина и КАПА ЕЛ – во Порта Буњаковец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.