Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, се заложи за прекин на преговорите меѓу Белград и Приштина во сегашниот формат.
Во интервју за косовската телевизија „Кохавизион“, Харадинај рече дека сите теми на дијалогот веќе се исцрпени и сега треба да се работи на спроведување на договореното.
Според Харадинај, Србија излегла како победник во овој дијалог бидејќи добила датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, додека Косово не добило ништо.
Харадинај најави дека ако стане премиер на Косово нема да поддржи продолжување на дијалогот во сегашниот формат на премиерско ниво, туку дека ќе се заложи за преговори во Директоратот за проширување на Европската комисија на кој би присуствувала и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.