| четврток, 6 декември 2018 |

Вилијам Хаг: со човекови права против тероризмот

Лондон плаќа милиони фунти надомест на осомничените за тероризам, за кои Британија е вклучена во отортурите на осомничените во Пакистан или Мароко

Британскиот државен секретар за надворешни работи Вилијам Хаг ќе го претстави планот како Велика Британија тесно ќе соработува со други земји за да се справи со тероризмот, без притоа да ја компромитираат својата посветеност кон човековите права.
Во говорот во Лондон, Хаг ќе потенцира дека Велика Британија не може да ги заштити своите граѓани од глобалните организации како Ал Каеда без размена на информации со меѓународните партнери, колку и да се нивните методи доведени во прашање.
Неговите забелешки доаѓаат две недели откако премиерот Дејвид Камерон потпиша нов безбедносен договор со Алжир, по смртоносниот напад на исламистите на гасната централа, во кој беа убиени 37 заложници од кои шестмина Британци.
h_50666208“Најголемите наши напори против тероризмот се во странство, каде што терористите вежбаат и ги планираат нападите во Западот. Тоа не можеме да го правиме без соработка со другите земји”, ќе нагласи Хаг, според најавите од неговата канцеларија.
Идеално, Велика Британија ќе има увид во разузнувачките тактики и сознанија на државите, но и во третманот кон осомничените за тероризам. Во случај да тоа не е можно, Хаг ќе предложи долгорочна помош на овие партнери, за она што тој го нарекува “слабостите во спроведувањето на законите, човековите права и целата структура на правдата“.
Британската влада претходно мораше да плаќаат милиони фунти како надомест за осомничените за тероризам, кои тврдеа дека британските власти се здружиле во нивната тортура, додека биле во држави како Пакистан и Мароко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top