– Како што ветивме, на 7 март секој пензионер во Република Македонија доби зголемување на пензијата од 600 денари и тоа секако е значајно за заштита на животниот стандард на пензионерите, како категорија која заради околностите во овој период постојано имаше поддршка од Владата – истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Ставрески посочи дека за 62 отсто е зголемена просечната пензија во однос на 2006 година.
-Тогаш беше 7.680 денари денеска е 12.450 просечната пензија во Р. Македонија и покрај другите мерки кои што се во делот на намалување на цената на лековите и можноста да престојуваат во болници пензионерите кои имаат помала пензија од просечната без да плаќаат некакви трошоци покажува дека Владата се грижи за оваа категорија на граѓани и ние ќе продолжиме и понатаму со таа грижа – заклучи министерот.
Тој кажа дека во буџетот се предвидени средства од 1.800.000.000 денари за зголемување на пензиите како трансфер до пензискиот фонд.
– Пензионерите можат да бидат сигурни дека и во преостанатиот дел од годината ќе ги добиваат овие зголемени пензии и дека првата недела од месецот пензијата ќе им биде на сметка – потенцираше Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.